Електроенергетската состојба е стабилна и граѓаните и целата индустрија што е на регулираниот пазар ги добиваат сите потребни количини на електрична енергија,велат од Електрани на Македонија.
Од компанијата додаваат дека откако земјава е зафатена земјава со студен бран потрошувачката на енергија е зголемена за 10-тина проценти во однос на вообичаената потрошувачка за овој период од годината.
АД ЕЛЕМ потенцира дека во целост ги има ставено на располагање сите свои производствени капацитети кои работат, а хидроелектраните се во резерва и доколку дојде до зголемување на конзумот, односно потребите на тарифните потрошувачи ќе бидат ставени во функција и ќе одговрат на потребите на потрошувачите.