mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Граѓаните да се подготват за полуполарни временски услови

Граѓаните да се подготват за полуполарни временски услови

Типографија

Граѓаните да бидат подготвени за полуполарни временски услови во наредните шест-седум дена со ниски температури до минус 22 степени, снег и замрзнат дожд,апелира Координативното тело за справување со кризи.

Оттаму порачуваат возачите да бидат внимателни при планирање на патувањата и да не тргнуваат на пат без соодветна зимска опрема.

Според Оливер Римевски, директор на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) следува драстична промена на времето поради поларен бран од Сибир, а којшто ќе ја покрие целата територија на Балканот. Промената, како што рече, ќе почне со дожд и снег на повисоките места, а не е исклучена и појава на леден дожд.

  • Граѓаните треба да бидат подготвени за драстична промена на температурата. Веќе во четврток паѓањето снег ќе достигне одредени количини кои ќе можат сериозна промена во временските прилики. Со снег ќе биде зафатена целата територија на Македонија, а на повисоките места над 50 сантиметри, а на пониските 25 сантиметри. Ќе дува студен ветер од северозападен правец, а температурите ќе паднат сериозно под нулата. Во петок, сабота и недела, не очекуават дури и дневни температури од минус десет, а ноќните и до минус 22 степени - изјави Ромевски, по денешната седница на Координативното тело.

Граѓаните, посочи, треба сериозно да ја земат превид прогнозата при планирање на патувањата затоа што снегот во комбинација со ниски темпартури може да донесе сериозни непријатности и последици.

Службите на ЈП „Македонија пат“, според директорот Гајур Кадриу, се распоредени на 37 пунктови на цела територија и деноноќно дежураат, со втор степен за зимско одржување.

Кадриу рече дека екипите, опремени со специјална опрема и абразивни материјали, се на сите пунктови, но оти тоа не значи дека во вонредни услови како што предвидуваат метеорзлозите сообраќајот би се одржувал како по суви коловози.

  • Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат опремени со зимска дополнителна опрема, а особено тешките товарни возила без зимска опрема и неподготвени да не тргнуваат на пат бидејќи тие се голема пречка при вакви временски неповолности. Сите учесници во сообраќајот да внимаваат и да ги почитуваат собраќајни знаци и правила - изјави Кадриу.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија