mksqen
13
Пон, Мај
0 Нови / 7 дена

Нови најави дека Тетово в година ќе има чиста вода за пиење

Нови најави дека Тетово в година ќе има чиста вода за пиење

Типографија

Откако заврши изведбата на целата траса од 8,5 километри на новиот водовод, треба уште да се постави потребната механизација во филтер-станицата и од идната година Тетово ќе има чиста вода во доволни количества.

Ова го најави тетовската градоначалничка Теута Арифи.

Се осврна и на успешните резултати на новоформираното јавно општинско претпријатие Градски паркинг, но и ЈКП Тетово чиишто вработени меѓу другото поставиле нови 150 контејнери за собирање на смет на 11 локлации, можноста за плаќање на сметките за комуналии преку системот „Pay-pal“, засадувањето на 640 нови дрвја и другите активности покрај редовните работи за одржување на хигиената во градот и собирањето и транспортот на отпадот.

Во своето излагање Арифи ги посочи и зафатите за обнова на повеќе локални патни правци и улици во Тетово и неговата околина како и секундарната водоводна и канализациона мрежа на повеќе локации, обновата на повеќе училишта и други инвестиции.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија

This module can not work without the AcyMailing Component