mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Синдикатот на Југохром бара да се повлече одлуката за исклучување на комбинатот

Синдикатот на Југохром бара да се повлече одлуката за исклучување на комбинатот

Типографија

Синдикалната организација на „Југохром Алзар“ од Јегуновце денеска ќе предаде писмо-ургенција до Државната комисија за одлучување во втор степен при Владата на Македонија со кое се бара таа позитивно да одговори на жалбата против неоправданото исклучување од работа на комбинатот. 

Во писмото се бара Второстепената комисија веднаш да ја укине донесената одлука од страна на Државниот инспекторат за животна средина за исклучување на печките на „Југохром Алзар“. 

Доколку комисијата, како што се вели во соопштението, не покаже чувство за реалноста од 1 јануари 2017 година 700 вработени и нивните семејства ќе останат без основна егзистенција. 

Синдикалната организација на „Југохром Алзар“, во писмото, инсистира и државните институции да направат анализа кој вистински го загадува Тетово и колкав е процентот на материи кои се испуштаат од комбинатот, а менаџерскиот тим со уште побрзо темпо да продолжи со изградба на системот за отпрашување.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија