mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

До 15 јануари пријавување за еко училиште и еко градинка

До 15 јануари пријавување за еко училиште и еко градинка

Типографија

Училиштата и градинките до 15 јануари 2017 година може да аплицираат за добивање зелено знаме, сребрено и бронзено ниво во рамки на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

Програмата ја спроведува Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО, а се имплементира  преку канцеларијата во Министерството за образование и наука на Македонија, согласно потпишаниот Меморандум за соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка.

Главна придобивка од Програмата е можноста за создавање мрежа на еко-училишта и еко-градинки кои ја усвоиле заштитата на животната средина како една од основните вредности во својот развој и управување.

Со членство во мрежата, еко-училиштата и еко-градинките добиваат можност за учество во национални и интернационални натпревари, можност за аплицирање со проекти, можност за добивање финансиска поддршка, поврзување со училишта и градинки од регионот и пошироко и многу други поволности.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија