mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Презентирани резултатите на Програмата за зачувување на природата во Македонија

Презентирани резултатите на Програмата за зачувување на природата во Македонија

Типографија

Изработка на стратешки и плански документи за брегалничкиот регион кои ќе обезбедат основа за долгорочното планирање и за создавање предуслови за одржливо управување со природните ресурси на овој регион се препораките од резултатите кои беа презентирани од Програмата за зачувување на природата во Македонија.

  • Главна цел на програмата е да и помогне на Македонија во зачувување на природните вредности и подигање на свеста. Прва фаза на оваа програма е изработка на стратешки докумети кои треба да бидат основа за спроведување на втората фаза од програмата која ќе почне веднаш по завршување на првата фаза - вели Маријана Шушлевска, национален тим лидер на програмата.

Според претседателот на Советот за развој на Источен плански регион Ратко Димитровски резултатите го покажуваат она што е сработено изминатите четири години.

  • Целокупниот источен регион кој го сочинуваат 11 општини беше активно вклучен во досегашното работење како на регионално, така и на локално ниво. Очекувам резултатите да покажат она што е работено изминатите четири години - вели Димитровски.

Регионалениот советник за вода и животна средина при Швајцарската амбасада во Македонија Франк Видеркер рече дека Законот за животна средина на Македонија е добар и е усогласен со директивите на Европската унија

  • На ова поле Законот ги содржи сите потребни елементи. Проблем е понекогаш неговото спроведување и во овој поглед е потребно да се направат дополнителни чекори за да се спроведе во пракса - додаде Видеркер.

Презентирани се и три промотивни видеа подготвени во првата фаза од програмата. Првото видео насловено „Одржливо производство на ориз“ промовира поинаков пристап во производството на ориз, кој е еден од стратешките земјоделски производи во брегалничкиот регион. Второто е насловено „Пчеларство-врска помеѓу зачувување на биодиверзитетот и социоекономските придобивки“, а презентиран беше и докуметарниот филм „Медена земја“ кој ја  покажува припадноста на човекот кон неговата средина и природата.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија