mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Преку проект на УСАИД 17 македонски компании трошат помалку струја

Преку проект на УСАИД 17 македонски компании трошат помалку струја

Типографија

Седумнаесет македонски компании во изминативе четири години успеаја да ги намалат своите трошоци за енергија преку Проектот за индустриски менаџмент (ПИМ) на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

За инсталирање на системи за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија, УСАИД на компаниите им покри 50 отсто од вредноста или максимум по 20 илјади долари.

  • Неефикасното користење на енергијата во македонската индустрија значително влијае на конкурентноста на индустриските  производи. Прокетот на УСАИД за индустриски менаџмент ја анализираше потрошувачката на енергија и направи план за нејзино унапредување во индустриските компании во земјава. Врз снова на тоа обезбеди заедничко учество во трошоците за инсталирање на системи за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија во 17-те пилот компании - вели Џемс Стајн, директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија.

Тој нагласи дека се надева оти позитивните резултати од проектот ќе бидат  поттик за поширока употреба на системите  за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија, како и за имплементација на проекти за подобрување на енергетската ефикасност во индустрискиот сектор во Македонија.

Директорот на ПИМ Драган Блажев потенцира дека компаниите кај кои е воведен системот  за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија можат на подобар начин да имаат увид во потрошувачката на енергија и да прават активности кои можат да придонесат за намалување на трошоците и потрошувачката на енергија.

  • На тој начин може да ги намалат своите трошоци за производство и да станат поконкурентни на домашниот, регионалните и светските пазари. Заштедата на трошоците зависи од големината на компанијата и на инвестицијата за подобрување на енергетската ефикасност и се движи од 5 до 10 отсто со мали или без финасиски вложувања за подобрување на технолошкиот процес или за организацијата на работа или од 15 до 20 отсто, па и повеќе за поголеми вложувања - изјави Блажев.

Тој истакна дека инвестицијата се враќа од една до пет години кај помалите инвестиции, а кај поголемите и инвестициите на подолг рок, особено за обновлива енергија повратот е за седум, осум или повеќе години.

  • УСАИД помогна во 17 компании да се внесе новата технологија која не е присутна во нашата земја, а е се поприсутна во другите земји. Во изминативе четири години оставивме решенија и за повеќе од 50 други компании и ги повикуваме да ги следат добрите практики што ги потигнавме со проектот - вели Блажев.

Најголем број од компаниите во кои го воведовме системот користат електрична енергија, но има и такви што користат водена пареа, нафта, гас и компримиран воздух како главен енергенс.

  • Нашите искуства покажуваат дека за воведување на системот компаниите треба да вложат од 15 до 45 илјади долари. Од овие средства 50 отсто или најмногу 20 илјади долари на 17 компании им беше дадено од страна на УСАИД за да го имплементираат системот за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија - вели Блажевски и додаде дека македонските компании се енергетски интензивни  заради неразвиеноста на гасната мрежа и трошат три до четири пати повеќе енергија од европскиот просек.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија