mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Со мониторирање на потрошувачката на енергија до поголема конкурентност

Со мониторирање на потрошувачката на енергија до поголема конкурентност

Типографија

Компаниите може да заштедат 10 до 15 отсто енергија ако воведат соодветни системи за мониторинг на потрошувачката.

Доколку, пак, дополнително, инвестираат и во опрема и дистрибутивни мрежи, заштедата може да достигне 20 до 30 отсто, покажува проектот на УСАИД за индустриски менаџмент што се спроведе на вкупно 17 фирми од приватниот сектор.

Како што вели директорот на Канцеларијата за развој при Мисијата на УСАИД во Македонија Едвард Гонзалез и директорот на проектот Драган Блажев, рационалното користење на енергијата ги намалува трошоците, овозможува поголем профит и конкурентност, но придонесува и за подобар имиџ на фирмите.

Според проценките на европско и светско ниво, системите за мониторирање на потрошувачката на енергија, зависно од компанијата и нејзината дејност, чинат од 15.000 до 40.000 долари, а некогаш и повеќе.

  • Системите за менаџирање со енергијата покажаа дека инвестицијата во нова технологија е добар бизнис. Трошоците за енергија во последно време постојано растат и како што се зголемуваат, така приватниот сектор губи средства кои би ги вложил во нешто друго или за подигнување на своите капацитети - вели Гонзалез.

Подобрувањето на управувањето со потрошувачката на енергија, потенцира тој, индиректно создава можности за вработувања во понапредните сектори и за модернизација на застарените и неефикасни технологиии.

  • Системите за следење на потрошувачката на енергија треба да се сфатат како инвестирање во нова технологија што значи помали трошоци, поголем профит и конкурентност - напоменува Блажев, дополнувајќи дека заштедата е индивидуална, се разликува кај секоја компанија, нејзините специфики, обемот, производството.

Интерес за воведување вакви системи има кај многу македонски компании,  а фирмите што беа опфатени со проектот треба да бидат, нагласи Блажев, пример за останатите во однос на бенефитите.

Искуствата на компаниите кои вовеле системи за мониторинг на потрошувачката на енергија покажуваат дека покрај поголемата заштеда, придобивка е и придонесот кон одржлив развој и заштита на животната средина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија