Американскиот експерт за квалитет на амбиенталниот воздух Вирџинија Галински во наредните шест недели ќе му помага на Министерството за животна средина и просторно планирање во справувањето со проблемите со висока концентрација на загаденост на амбиенталниот воздух, особено во зимскиот период.
Ова е договорено на средбата на министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети со заменик амбасадорот на САД во Македонија, Микаела Швајцар Блум.Исто така е договорено дека Галински ќе соработува и со сите други национални институции кои се инволвирани и релевантни во областа
На средбата се дискутирало и за соработката меѓу двете држави во областа животна средина, со посебен акцент на заштитата на амбиенталниот воздух.
На средбата било отворено и прашањето за неодамнешната одлука на Министерството за затварање на индустрискиот капацитет Југохром, што, позитивно било оценето од Блум.