mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Отворен вториот еко пазар во општина Маврово Ростуше

Отворен вториот еко пазар во општина Маврово Ростуше

Типографија

Во општината Маврово Ростуше почна со работа вториот еко пазар, изграден со средства од ИПА програмата на ЕУ за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Албанија.

Пазарот е во месноста „Зад Чука“ во близина на големата спортска сала, кај Ростуше.

Според информациите од општината, овој пазар ќе работи секој петок во неделата. Свои производи таму ќе може да продаваат и земјоделци и сточари од сите делови на земјата. Со одлука на советот на општината Маврово Ростуше една година заинтересираните продавачи тезгите ќе ги ползуваат бесплатно.

Се очекува функционирањето на еко пазарите да придонесе во економското закајнување на производителите од пошпирокиот регион,н о и во развојот на туризмот.

Во рамките на проектот, освен овие два пазара во општина Маврово Ростуше, еден еко пазар е отворен во албанската општина Ѓинар, кај Елбасан.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија