mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Ќе се бара нафта во водите на Црна Гора, екологистите реагираат

Ќе се бара нафта во водите на Црна Гора, екологистите реагираат

Типографија

Црногорската Влада и конзроциумот на италијанксата фирма „Ени“ и руската „Новатек“ во Подгорица потпишаа договор за концесија за потрага по наоѓалишта на нафта и гас во територијалните води на Црна Гора.

Концесијата е со важност од 30 години и се однесува на четири подрачја крај јужниот дел на црногорскиот брег, во близината на Улцињ.

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави дека ова претствува голем настан за земјата.

  • Со потпишувањето на овој договор се отвора пат за истражување на јаглеводороди, нешто што го чекавме со векови - рече Ѓукановиќ.

На потпишувањето на договорот се спротивставуваат повеќе еколошки здруженија од Црна Гора, Хрватска и Италија, кои денеска организираа протести во пристанишниот град Бар. Според нив, со потпишувањето на овој договор „му се изрекува смртна пресуда на црногорскиот крајбрежен туризам“.,

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан