Бугарската програма за државна помош во добивањето енергија од обновливи извори ќе се финансира ретроактивно, од 2011 до 2020 година, откако беше одобрена од Европската комисија.
Повеќе од 200 компании со програмата ќе ги намалат трошоците за струја за 48 милиони евра годишно, или вкупно 255,5 милиони до крајот на програмата. Со програмата се обезбедува намалување на трошоците за зелена енергија за големите индустриски капацитети.
Од извршното тело на ЕУ истакнале дека главната цел на помошта е таа да биде компатибилна и пропорционална. Бугарија го задржува правото да ги избира категориите на проекти за обновлива енергија што ќе имаат право на државна помош. Еден од условите е произведената енергија преку програмата да се користи на домашниот пазар и да не се извезува.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS