Поради лизгање на земјиште во Србија 10 автомобили се зарабени, но никој не е повреден и во тек е евакуација на патниците.
- Имаше лизгање на земјиште на пат во местото Перучац во близина на Бајина Башта, и притоа се заробени 10 автомобили. Луѓето не можат безбедно да излезат ако не им се помогне - изјави шефот на Секторот за вонредни ситуации во МВР на Србија, Предраг Мариќ.
Претседателот на општината Бајина Башта, Радомир Филиповиќ вели дека околу 30 луѓе меѓу кои има и деца се заробени меѓу две места каде има лизгање на земјиште на патот Перучац-Ратиште. До лизгање на земјиште дошло по поројни дождови во текот на денешниот и изминатите денови.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS