mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Здруженија бараат план за отпадот во Хрватска

Здруженија бараат план за отпадот во Хрватска

Типографија

Спречете ја економската, финансиската и еколошката штета што и` се заканува на Хрватска, со тоа што ќе го донесете планот за управување со отпадот, и` порачаа на хрватската Влада неколку граѓански здруженија од земјата.

Според информациите од хрватското министерство за животна средина, планот за периодот од 2016 до 2022 е подготвен, а организациите велат дека со тоа е исполнет главниот услов за да се искористат парите од Кохезискиот фонд наменети за постигнување на целите пропишани со директивите на ЕУ што се однесуваат на управување со отпадот.

Хрватска планира за управување со отпадот да повлече 475 милиони евра од европските фондови. Но здруженијата укажуваат дека ако планот не се донесе наскоро, нема да може да се искористат тие пари во 2017 година. Затоа тие велат дека е нејасно зошто планот не се усвојува, односно на кого му пречи предложениот нов коцепт со кој се зголемуваат капацитетите за селектирано собирање на отпадот, се зголемува бројот на рециклажни центри, се воведува компостирање во домаќинствата и се поттикнува селекцијата на отпадот на самото место каде што тој настанува.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан