mksqen
21
Чет, Ное
0 Нови / 7 дена

Ветерниот парк во Босна чека еколошка дозвола

Ветерниот парк во Босна чека еколошка дозвола

Типографија

Проектот за ветерниот парк на компанијата Вјетроелектране од Гламоч, Босна и Херцеговина, се` уште чека еколошка дозвола.

Паркот треба да се прави во југзападниот дел од државата, и ќе има 49 турбини со вкупен капацитет од 130 мегавати, објави порталот Акта, цитирајќи свои извори. Инвеститорите поднеле барање за поставувањето на турбините во Словињ, и чекаат одобрение од Федералното министерство за животна средина и за туризам.

Вјетроелектране понеле барања за дозволи да постават турбини во Словињ и во Џева уште во 2013 година, откако ја добиле концесијата. Паркот во Џева треба да има 23 турбини, секоја со по три мегавати и да се протега на 19 квадратни километри.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан