mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Отровни риби околу Крит

Отровни риби околу Крит

Типографија

Единки од отровната риба-лав за првппат се видени во регионот на Агиос Пантелејмонас на грчкиот остров Крит, јавува Грик Репортер. Критскиот аквариум, кој работи во склоп на Грчкиот центар за поморски истражувања, ја соопшти појавата на оваа тропска риба во водите околу островот.

Овој вид, познат уште и како ѓаволска риба, за првпат беше забележан во Родос минатата година. Се претпоставува дека рибите се пробиле до Средоземно Море преку Суецкиот канал.

Професионалниот риболовец Харилаос Франгакис е првиот што фатил ваква риба во водите околу Крит и веднаш го алармирал критскиот аквариум, чиј персонал ја пренел рибата во институцијата додека се` уште била жива.

Овој вид е вообичаен за Индиски Океан, Црвеното Море, водите околу Јужна Африка, и источно од Суматра. Познато е дека брзо се размножува.Поради ова властите им порачуваат на посетителите на плажите и на рибарите дабидат внимателни, бидејќи рибите-лав имаат отровни шилци преку кои вбризгуваат моќен отров на протеинска база во својот плен. Критскиот аквариум му се заблагодарува на рибарот за навременото пријавување и ги повикува сите други што ќе го забележат овој вид риба да постапат исто, за да се собираат податоци за понатамошно проучување.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан