mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Еко-туризам: пливање со делфините во Грција

Еко-туризам: пливање со делфините во Грција

Типографија

Агенциите за алтернативен туризам во Грција се обидуваат да ги оттргнат туристите од стандардните одмори на плажа и да ги поведат на еко-тура, каде што може да ги почувствуваат сонцето, небото и природата додека учат за биодиверзитетот и пливаат со делфините и со морските желки.

Главната цел на еко-крстарењата, како што пишува „Грик репортер“ е да се промовира одржлив морски туризам, па наместо патување со класичен брод за крстарење, нудат патување во многу помали групи, во традиционални дрвени бродови што собираат по 25 патници. Заедно со нив патуваат екологисти кои им одржуваат предавања за живиот свет, а често може да се сретнат и научници.

Туристите може со сигурност да очекуваат дека ќе откријат нови водни површини, далечни острови, пештери, ретки птици и морски видови, плажи со школки, желки, и секако, величествените делфини. За да не се пропушти ништо на патувањето, организаторите ги опремуваат туристите со маски за нуркање, и со подводни камери.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан