mksqen
19
Нед, Мај
0 Нови / 7 дена

Албанските власти затвориле 21 печка за вар

Албанските власти затвориле 21 печка за вар

Типографија

Државниот инспекторат за животна средина и шумарство на Албанија спровел акција со која биле затворени 21 печка за вар во градот Фуш Круја.

Во операцијата се вклучени и полициските сили, а целта е да се спречи загадувањето од овие инсталации.

Станува збор за продолжување на акцијата што првпат почнала да се спроведува во 2013 година, кога вкупно 220 печки за вар биле регистрирани како работат во областа. Со акциите за регулирање на оваа дејност до 2015 година овој број бил намален на 110, а со најновата контрола се затворени уште 21. Се очекува до крајот на операцијата да се затворат сите печки.

Од инспекторатот предупредиле дека ќе има максимални казни за оние што повторно ќе ги отворат печките и ќе продолжат со нелегалните активности во нив. Оттаму нагласуваат дека користењето на овие уреди е забрането со закон бидејќи претставува закана за здравјето на луѓето и ја загадува животната средина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан

This module can not work without the AcyMailing Component