mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Жариште на птичјиот грип во Зоолошката градина во Сараево

Жариште на птичјиот грип во Зоолошката градина во Сараево

Типографија

Лабораторијата при Ветеринарниот факултет во Сараево потврди дека во сараевската Зоолошка градина е потврдено присуство на вирусот на грипот А потпип Х5Н8, познат како птичји грип.

По потврдувањето на жариштето на болеста, Канцеларијата за ветеринарство на Босна и Херцеговина апелираше до сопстевниците на живина да го зајакнат спроведувањето на биобезбедносни мерки на своите имоти и да спречат контакти меѓу домашните и дивите птици.

Во изминативе месеци птичјиот грип беше потврден во повеќе европски и балкански земји, а на територијата на БиХ се појави во реонот на градот Приједор.

Според извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) од ноември 2016 година, досега не е потврден случај на пренос на вирусот од птици на луѓе, но дека и покрај многу малата веројатност за инфицирање на луѓето со овој тип на вирусот, таквата можност сепак не може во целост да се исклучи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан