mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Војводина треба да го искористи хидроенергетскиот потенцијал

Војводина треба да го искористи хидроенергетскиот потенцијал

Типографија

Владата на автономната покраина Војводина одлучи да го користат хидропотенцијалот на реката Дунав преку изградба на мали хидроцентрали на четири локации.

Вкупниот капацитет се проценува на околу 13,86 мегавати. Проектите треба да се реализираат преку јавно-приватно партнерство.

Тендерот за јавно-приватно партнерство се очекува да биде објавен оваа година и да се избере консултант за проектот.

Консултантски услуги ќе вклучуваат проценка на изводливоста на одреден модел на јавно-приватно партнерство (со или без елементи на концесија), подготовка на предлог проекти и спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка.

Одлуката на владата се однесува на четири локации на хидросистемот и тоа браната Тиса со капацитет од  11,4 мегавати и очекувано годишно производство од околу 54 милиони киловат часови. Втора е Браната Кајтасово со капацитет од 1,3 киловати и очекувано годишно производство од околу 8 милиони киловат часови. Браната  Томашевац е со капацитет од 0,28 киловати и годишно производство од околу 1,7 милиони киловат часови и четвртата брана е Стајичево со капацитет од 0,88 киловати и годишно производство од околу 2,1 милиони киловат часови.

Владата на Војводина ја потврди својата решителност да продолжи да гради мали хидроелектрани за искористување на својот хидроенергетски потенцијал.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан