mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Националниот парк Рила прослави 25 години

Националниот парк Рила прослави 25 години

Типографија

Националниот парк Рила, кој е најголем во Бугарија, прослави 25 години од неговото прогласување во 1992 година.

Паркот Рила, покрај во Бугарија, тој е еден од најголемите европски паркови со површина од 81.046 хектари. Националниот парк опфаќа 30 отсто од планинскиот масив на Рила - највисока зона, како и појасот под неа со иглолисни и листопадни шуми.

Паркот е едно од најзначајните засолништа за кафеавата мечка и е дом на најголемата популација на балканска дива коза. Карактеристични се Седумте Рилски езера и врвовите Муса и Маловица. Изградбата на лифт до Седумте Рилски езера создаде лесен пристап за илјадници туристи, кои со години имаат негативно влијание на екосистемот и езерата во месноста.

Според управата на паркот популацијата на многу животински видови во Рила се зголемила, биодиверзитетот заздравува, а откриени се и голем број на нови видови.

Од 2007 година се одложува усвојувањето на важни заштитени зони од европската мрежа „Натура 2000“ во Рила, кои се исклучително важни за заштита на вековните шуми и води, а токму водите од Рила ја снабдуваат со вода за пиење Софија и уште неколку градови.

Рила е највисоката планина во Бугарија и на Балканскиот Полуостров, и е меѓу највредните површини во земјата и во ЕУ за заштита на 20 ранливи видови птици.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан