mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Велосипедска патека што не води никаде

Велосипедска патека што не води никаде

Типографија

На улицата Медвешчак во Загреб е исцртана бела линија на тротоарите од двете страни, која, како што велат активистите, требало да биде велосипедска патека.

Но со неа воопшто не се подобриле условите за возење велосипед во градот. Патеката не е споена со ниту една друга велосипедска патека во градот, почнува и завршува каде што нема ништо, а попатно поминува покрај грмушки и контејнери за ѓубре.

Еколошките активисти во Загреб велат дека приказната со обележување велосипедски патеки постојано се врти во круг и не се земаат во предвид вистинските потреби на велосипедистите и на пешаците. Како што додаваат тие, белите линии само предизвикуваат расправии меѓу оние што се движат пеш и со велосипед, а во меѓувреме автомобилите остануваат неприкосновени на својот простор и добиваат апсолутен приоритет во сообраќајното планирање.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан