mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Во Србија почнува зимскиот попис на водните птици

Во Србија почнува зимскиот попис на водните птици

Типографија

Друштвото за заштита и проучување на птиците во Србија ги повика сите институции, здруженија и граѓани да се придружат на меѓународното зимско броење на птиците во водните живеалишта.

Оваа постапка годинава во светот се спроведува по 50-ти пат на целата северна хемисфера, а се спроведува во зима затоа што тогаш овие птици најмалку се движат.

  • Познавањето на бројноста и на распространетоста на дивите птици е од суштинска важност за нивната заштита и за управување со популацијата - се вели во соопштението од друштвото и се додава дека оваа програма е една од најстарите за следење на состојбата со животната средина и со природата во светот.

Друштвото раководи со пописот во Србија и наведува дека на теренот ќе се ангажираат околу 250 обучени доброволни попишувачи, а посебно внимание ќе се насочи на пронаоѓањето на угинатите птици, за да се запре ширењето на птичјиот грип.

  • Ќе се обиколат целите текови на нашите најголеми реки, повеќе рибници, природни и вештачки езера и други водни живеалишта. Ќе се попишуваат патките, гуските, лебедите, птиците-нуркачи, чапјите, галебите и другите птици. Ќе се пребројуваат со бродови, автомобили или пеш - се додава во соопштението.

Поради големиот студ и замрзнувањето на водните површини, друштвото побара од Министерството за земјоделство и за заштита на животната средина итно да го запре ловот на сите диви животни.

  • Замрзнатите води ги принудуваат птиците во водните живеалишта да се концентрираат главно на реките каде што се исклучително загрозени поради недостигот од храна, вознемирувањето и ловот - додаваат оттаму.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан