mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Поради птичјиот грип Бугарија ќе уништи уште 130 илјади птици

Поради птичјиот грип Бугарија ќе уништи уште 130 илјади птици

Типографија

Високо патогениот вирус на птичјиот грип од типот Х5Н8 досега е регистиран на 55 живинарски фарми во Бугарија, поради што ќе бидат уништени уште 130 илјади домашни птици, соопшти бугарската мнистерка за земјоделство Десислава Танева

Со ова вкупниот број на уништени птици во Бугарија, од појавата на птичјиот грип кон средината на минатиот месец, ќе се зголеми на околу 430 илјади. Според податоците на бугарските власти, од болеста најтешко е погоден реонот на Пловдив, каде се уништени и најголемиот број птици, пред се патки.

  • Во Бугарија во изминативе години птичјиот грип главно ги погодуваше дивите птици. Ова е првпат да имаме волкава епидемија на живинарските фарми - изјави Танева.

Во рамки на мерките за спречување на ширењето на болеста, властите воведоа карантин околу фармите на кои се регистирани птици инфицирани со вирусот Х5Н8. Покрај кај домашните птици, птичјиот грип во Бугарија е регистриран и кај четири диви патки.

Поради појавата на птичји грип во Бугарија во сила е забрана за трговија со живина и за лов на диви птици. За уништување на птиците на фармите каде е утврдена болеста, Бугарија досега потроши речиси 540 илјади евра.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан