mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Поради студеното време ограничен сообраќајот по Дунав во Бугарија

Поради студеното време ограничен сообраќајот по Дунав во Бугарија

Типографија

Поради појавата на мраз по течението на реката Дунав во Бугарија, бугарските власти препорачаа ограничување на речниот сообраќај.

Според податоците на Оперативниот центар, на некои места долж течението на Дунав во Бугарија замрзнати се и до 50 проценти од површината на реката.

Обласниот управител на градот Русе, Стефко Бурџиев изјави дека ова претставува сериозно количество на мраз, поради што им препора на пловните објекти по Дунав да прекинат со сообраќајот.

Директорот на бугарската Поморска управа, Иван Жежов соопшти дека состојбата е критична долж целиот тек на Дунав, а не само во Бугарија, посочувајќи дека во некои делови во Романија површината на реката е целосно замрзната.  

Според податоците на Управата во последниве 117 години, колку што се вршат вакви следења, Дунав во Бугарија замрзнал 28 пати, а тоа последен пат се случило во 2014 година.

Поради големиот студ и големите количества снег запрен е сообраќајот на повеќе локални патни правци во Бугарија, пред се во реоните на Силистра, Разград, Добрич и Шумен.

Забрани за движење на тешки товарни возила има на неколку планински превои, а на делови од автопатот „Тракија“, кој ја поврзаува Софија со Бургас, преку Пловдив, брзината на движење е ограничена на 80 километри на час.

Во Бугарија утрово се измерени температури од минус 21 до минус пет степени Целзиусови.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан