mksqen
19
Нед, Мај
0 Нови / 7 дена

Албанија усвојува нов просторен план

Албанија усвојува нов просторен план

Типографија

Генералниот просторен план на Албанија, подготвен од Министерството за урбанизам, е одобрен од Владата на државата.

Според најавите од тамошните власти, просторниот план предвидува одржливо користење и експлоатација на ресурсите и на потенцијалите на АЛбанија. Со него се предвидува колку квадратни метри во земјата ќе бидат градежно земјиште и каде. Како стратешки документ, тој детално ќе ги дефинира инвестициите во специфични области во целата земја. Во економски контекст, пак, со планот треба да се обезбеди користење на територијата, која е ограничен ресурс, за балансиран развој на сите економски сектори на долг рок.

Една од стратешките цели со планот е да се обезбеди заедничка визија за развој на политиките во различни сектори, за да се избегне удвојување на надлежностите. 

Понатаму, со него треба да се обезбеди соодветен простор за економскиот развој, имајќи ги во предвид условите што ги нуди инфраструктурата и расположливоста на работната сила. Исто така, треба да се ублажат ризиците од нарушување на животната средина, од климатските промени и од други фактори, да се развие сигурна клима за долгорочни инвестиции и да се промовира употребата на обновливите извори на енергија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан

This module can not work without the AcyMailing Component