mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Бугарската банка за храна почна донаторска кампања

Бугарската банка за храна почна донаторска кампања

Типографија

Бугарската банка за храна почна донаторска кампања за борба со трошењето на храна и со гладот во земјата.

Банката за храна е непрофитна организација која работи за обновување на храна која од различни причини не може да се реализира на пазарот. Таа е замислена да ги обединува интересите на бизнисот, државата и општеството и да им помага на сиромашните со храна.

Целта на „Стани еден од нас. Донирајте надеж!“ е да се подигне јавната свест и да се привлече максималниот број истомисленици, за да може банката за храна да продолжи да ја остварува својата улога на врска меѓу прехранбената индустрија и општествените организации, па вишокот, храна да стигнува до оние на кои најмногу им е потребна.

Според податоците на Банката близу 670 илјади тони храна здрава за исхрана се уништува во Бугарија секоја година.

Банката за храна работи од 2012 година. За пет години работа банката спасила над 1.200 тони храна, која достигнала до над 60 илјади луѓе во повеќе од 80 градови во земјата. Во 2016 година Банката успеала да помогне со 35 отсто повеќе храна. Во магацините на организацијата секојдневно поминува околу еден тон целосно здрава храна.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан