Работите на ветерната електрана Крново кај Никшиќ се завршени и се очекува пробното производство на енергија да почне на почетокот на следната година по издавањето дозвола за употреба.
Ветерната централа Крново се состои од 26 турбини на ветер, два далноводи и две трафостаници, згради за одржување, а планирано е годишното производство да бидепомеѓу 200 до 230 гигават часови.
Изградбата на ветерната електрана Крново, во вредност од околу 120 милиони евра, почна во мај минатата година. Електраната ќе има инсталиран капацитет од 72 мегавати. Договорот за овој енергетски проект беше потпишан од страна на Владата на Црна Гора и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Неговото спроведување треба да придонесе за постигнување на целите на Црна Гора кои подразбираат дека 33 отсто од вкупната потрошувачка на енергија ќе биде произведена од обновливи извори на енергија до 2020 година.
Генераторот се наоѓа на висина од 85 метри и тежи 83,5 тони. Турбини на ветер се поставени на надморска височина од околу 1.500 метри, каде што, како што се проценува, просечната брзина на ветерот се движи од околу 5,5 и 6,5 метри во секунда.
За првите 12 години, цената на електричната енергија произведена од страна на фарма на ветер е загарантирана и тоа не може да биде помалку од 95.99 евра за мегават-час.