mksqen
19
Нед, Мај
0 Нови / 7 дена

Албанија под вода

Албанија под вода

Типографија

По обилните и интензивни врнежи од дожд Албанија целосно е под вода. Единствен град каде нема поплави е градот Корча.

Поради создадената ситуација, како што соопшти министерката за образование Линдита Никола, во училиштата на целата териорија на земјата нема да се одржува настава.

  • Населените места се под вода, од дел од нив е евакуирано населението, на многу патни правци не се одвива сообраќајот, во поширокото подрачје на околијата Пешкопеја и Скадар има и појава на одрони од камен и земја. Над 150 илјади домаќинства се без електрична енергија. Многу екипи на Електродистрибуција се обидуваат да ги отстранат дефеките на елекромрежата - јавуваат албанските медиуми.

Поради невремето и намалената видливост од обилниот дожд, автобус полн со патници излетал од патот Туман-Фуш Круја и завршил во место полно со вода. За среќа избегната е трагедија.

Премиерот Еди Рама на својот профил на фејсбук напишал дека сите здравствени институции се максимално ангажирани за да се справат со состојбата созадена од поплавите.

  • Се за да се справиме со природната непогода, со организација, координација, достоинство и разбирање на граѓаните - напишал Рама.

Тој предупредува дека „тешки ќе бидат уште 24 часа“ но потоа „се ќе дојде на свое место“, напиша Рама, заблагодарувајќи им се на сите.

И според најавите на метеоролозите состојбата се очекува да се влоши денеска, поради најавите за обилни дождови и силен ветер, посебно во јужниот дел на земјата, додека доцна попладне се очекува намалување на интензитетот на врнежите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан

This module can not work without the AcyMailing Component