mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Обилните дождови предизвикаа поплави во делови од Балканот

Обилните дождови предизвикаа поплави во делови од Балканот

Типографија

Обилните дождови што го зафатија Балканот предизвикаа излевање на повеќе реки, поплави и прекин во електроснабдувањето во одделни реони.

Поради надојдената вода во прекин е сообраќајот на неколку регионални патни правци во југозападна Србија, а десетици граѓани биле принудени да ги напуштат своите домови кои се под вода.

Лизгање на земјиштето предизвикало и прекини во сообраќајот во реонот на Копаоник.

Дводневните обилни дождови предизвикаа поплави и во северниот дел на Црна Гора, во близина на границата со Србија. Поради поплавите на жителите на Беране им е препорачано да не ја пијат водата од чешмите.

Најмалку две лица загинаа во поплавите во Албанија, каде поројните дождови предизвикаа и оштетувања на повеќе патишта.

Во спасувачките акции е ангажирана војската и специјални спасувачки екипи.

Автопатот Тирана-Драч, како и неколку други патни правци се блокирани. Многу села се без пристап поради оштетувања на локалните патишта.

До 12 часот, количеството врнежи изнесувало 100 милиметри на квадратен метар. Според прогнозите, тие ќе продолжат и утре.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан