mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Основан обединет зелен фронт во Белград

Основан обединет зелен фронт во Белград

Типографија

Претседателите на Зелена Србија и на Зелената еколошка партија во Белград потпишаа спогодба за формирање обединет зелен фронт.

Овој документ, според потписниците, претставува основа за дејствување на сите политички опции што се залагаат за зачувување на животната средина.

Лидерот на Зелената еколошка партија Дејан Булатовиќ изјавил дека зелените во Србија имаат сон да освојат онолку гласови колку што имаат нивните колеги во Германија, а тоа било можно само ако се обединат.

Претседателот на Зелени Србија Иван Кариќ оценил дека Србија мора да биде еколошки одговорна држава што со зелена и одржлива економија ќе создаде услови за отворање зелени работни места, ќе води борба против сиромаштијата, притоа штитејќи ја животната средина и вклученоста на секој поединец и група во донесувањето одлуки што се однесуваат на човековата околина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан