mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Албанија сепак ќе гради ХЕЦ на реката Вјоса

Албанија сепак ќе гради ХЕЦ на реката Вјоса

Типографија

Албанското Министерство за економија го официјализира договорот за изградба на хидроцентралата „Почем“ на реката Вјоса.

Хидроцентраната,со капацитет од 95 мегавати, ќе ја гради турскиот конзорциум „Kovlu Energy”.

Според коцесискиот договор, Турците,во изградбата ќе инвестираат над 100 милиони евра. Изградбата треба да заврши за три години,додека годишното производство е планирано на 305 милиони киловат часови.

Постапката за изградба на ХЕЦ„Почем“ почна во јули 2015 година,кога Владата ја прифати понудата, која самоиницијативно ја даде турската компанија„Чинар“.

Откако ја обештети со бонус од 8 проценти турската компанија,на почетокот на годинава Владата објави тендер,за давање под концесија на оваа ХЕЦ. Но, на истиот имаше само една понуда,на команијата „Чинар“,како дел од конзорциумот„Kovlu Energy” чиј дел е и турската компанија „Ајет“.

Концесијата за користење е за период од 35 години.

ХЕЦ„Почeм“ е втор ваков објект кој се гради на Реката Вјоца,по ХЕЦ„Каливач“.

На изгрдбата на хидроцентралите на реката Вјоса остро се спротивставуваа еколошките организации во Албанија,кои организираа многу протести и собири, но Министертвото за економија тврди дека ХЕЦ „Почем“ е подолу од „Каливач не влијае во главниот дотек на реката Вјоса.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан