mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Србија со европски пари ќе почне да гради станица за отпадни води

Србија со европски пари ќе почне да гради станица за отпадни води

Типографија

Србија планира идната година да обезбеди средства од предпристапните фондови на ЕУ за потребите за прочистување на отпадните води, како најголем предизвик на патот кон ЕУ.

Ова го најавува државниот секретар во српското министерство за земјоделство и заштита на животната средина, Стана Божовиќ.

  • Веќе имаме најава и преговараме со делегацијата на ЕУ за во 2017 година од ИПА фондовите да добиеме повеќе од 100 милиони евра неповратни средства за изградба на станица за прочистување на отпадните води - вели Божовиќ.

Како конкретен проект Божовиќ ја наведува изградбата на станицата во Ниш и нагласува дека во наредните 25 години, односно до 2041 година во Србија ќемора да се изградат 320 станици за прочистување на отпадните води.

Сега во Србија има 44 такви станици од кои само пет или шест работат според стандардите на ЕУ.

Таа додава дека Србија сега прочистува околу осум отсто од отпадните води, а целта е да се дојде до 99 или 100 отсто. Според неа областа животна средина во процесот на пристапување кон ЕУ има 10 поглавја и се проценува дека за да се достигнат европкските стандарди ќе бидат потребни преку 10 милијарди евра.

Најголем предизвик според Божовиќ е Директивата за водите која се однесува на прочистување на отпадните води, водоснабдувањето и канализацијата, а како потреба е и Директивата за управување со отпадот. Таа вели дека Србија сега рециклира само пет отсто од комуналниот отпад, а целта е таа бројка да достигне до 50 отсто.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан