Албанската полиција набави единаесет електрични автомобили, кои пред зградата на Министертвото за внатрешни работи ги презентираше „првиот полицаец“ Саимир Тахири.
Автомобилите се од компанијата Фолксфаген, и како што најави Тахири, нема да трошат ни капка гориво.
- Трошоците за овие возила се многу, многу мали. Помали од едно кафе на ден.Трошоците за струја се 1.200 стари леки (помалку од едно евро) на 100 километри, додека еден полициски автомобил за 100 километри троши некаде до 30 илјади леки - изјави Тахири.