Босна и Херцеговина, заедно со со Ерменија, се наоѓа на шестото место во светот според бројот на починати лица на 100.000 жители поради последици од загаденост на воздухот, соопшти денеска босанската организација Еко акција.
Според податоците на Светската задравствена организација, за разлика од остантите земји на врвот на оваа листа кои имаат развиена тешка индустрија, во БиХ причина за загаденост на воздухот е употребата на „нечисти горива“ и недоволната грижа на надлежните институции за заштита на животната средина.
Според Еко акција, мајзагадени реони во БиХ минатата зима биле областите на Тузла, Лукавица, Зеница, Сараево, Приједор, Бања Лука и Јајце.
- Бројните министерства на различните нивоа на власта, на кои им е должнист да се грижат за животната средина и здравјето на граѓаните, не стоирја практично ништо за подобрување на состојбата. Тие дури повеќе не се во состојба да ја мерат загаденоста на воздухот. Така на пример, во Кантонот Тузла од пет мерни станици во последниве два месеци финкционира само една - се наведува во соопштението на Еко акција.