До крајот на оваа година Бугарија ќе го врати најголемиот дел од долгот кон Русија поврзан со пропаднатиот план за изградба на нуклеарната централа Белене, соопшти рускиот заменик-министер за правда Сергеј Герасимов.
Гересимов нагласи дека главна тема на разговорите било прашањето за компенација на трошоците и загубите, што ги претрпе Русија со откажувањето на проектот за изградба на нукеларката Белене од бугарска страна.
Согласно одлуката на Арбитражниот суд, поради откажувањето на проектот Бугарија на Русија треба да и исплати обесштетување од 620 милиони евра,
На средбата во Варна било договоорено најголем дел од оваа сума, односно 400 милиони евра, Бугарија да ги испалти до крајот на 2016 година.
- Секако дека оваа сума е релативно голема за бугарската држава, но сепак најдовме решение за отплата на овој долг ,- изјави Герасимов, додавајќи дека тоа ќе биде извршено во неколку транши.
Герасимов нагласи дека на средбата бугарските претставници пројавиле интерес за понатамошна билатерална соработка во сферата на нукеарната енергија.
- Не станува збор само за нуклеарната централа "Козлодуј", туку и за можноста за возобнова на проектот Белене, додаде Герасимов, нагласувајќи дека перспективите за ваквата соработка се доста интересни.