mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Обновливата енергија досега отворила речиси 10 милиони работни места

Обновливата енергија досега отворила речиси 10 милиони работни места

Типографија

Во секторот за обновливи извори на енергија во 2016 година работеле 9,8 милиони луѓе што е за два пати повеќе отколку во 2012 година.

Ова се податоци од Меѓународната агенција за обновливи извори Ирена.

Според директорот на Ирена, Аднан Амин бројот на луѓе кои ќе работат во овој сектор до 2030 година ќе достигне до 24 милиони и ќе го надомести губењето на работни места во секторот за фосилни горива, станувајќи водечки во економскиот развој на светот. Во извештајот со наслов „Обновливите извори и работните места“ се наведува дека пред пет години во овој сектор работеле само пет милиони луѓе. До удвојување на овој број дошло поради намалените трошоци и поволните политики што го поттикнале растот и инвестициите во секторот.

Ако се изземат хидроцентралите, во секторот работат 8,3 милиони луѓе. Најголем број работни места има во Кина, Бразил, САД, Индија, Јапонија и во Германија. Вкупно во Европската унија во овој сектор работат 1,2 милиони луѓе и тоа најмногу во Германија (340 илјади) и во Франција (171 илјада).

Поделено по потсектори, најмногу вработени има во соларната енергија (3,1 милион) , а следуваат течните биогорива (1,7 милиони), големите хидроцентрали (1,5 милиони), ветерната енергија (1,2 милиони) и други. Ветерната енергија и цврстата биомаса се потсекторите во кои се отвориле најмногу работни места во ЕУ.

Во извештајот се наведува 62 отсто од работните места во обновливата енергија се отворени во Азија, пред се поради тоа што на овој континент се повеќе се вложува во производството и во инсталирањето на овие извори. Малезија и Тајланд, на пример, станале светски центри за произведување соларни системи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет