mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Полски писатели и уметници бараат да сопре сечата на последната европска прашума

Полски писатели и уметници бараат да сопре сечата на последната европска прашума

Типографија

Писатели и уметници од Полска апелираат до властите да го сопрат сечењето на последната европска прашума.

Писмото со потписи од 230 луѓе е испратено до полскиот претседател Анджеј Дуда и премиерката Беати Шидло и ја оживува владината одлука да ја забрза сечата на шумата Бјаловица во источна Полска, а која е под заштита на УНЕСКО.

Од Министерството за животна средина тврдат дека ги спасуваат најмладите делови на шумата кој ги имаат насадено луѓето како свој придонес во чувањето на шумата. Борците за заштита на животната средина и Европската унија, пак, тврдат дека се сечат премногу дрвја. Меѓу потписниците на писмото се и германската нобеловка Херта Милер.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет