mksqen
26
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Заштитен кит најден мртов во рибарска мрежа во САД

Заштитен кит најден мртов во рибарска мрежа во САД

Типографија

Женка од видот грбав кит долга 13 метра била пронајдена мртва во рибарска мрежа на брегот во сојузната држава Мејн, на североистокот од САД.

Станува збор за вид заштитен со закон, па американските власти отвориле истрага за случајот.

Националната управа за окените и за атмосферата соопштила дека женката од китот, кој е на американската листа на загрозени видови, била пронајдена во близина на пристаништето Бутбеј, и била замотана со рибарска мрежа околу главата, устата, перките и опашот. Била извршена аутопсија, а властите се обидуваат да најдат кому му припаѓала мрежата.

Надлежните наведуваат дека во северниот дел на Атлантикот живеат околу 500 грбави китови.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет