mksqen
20
Чет, Јун
0 Нови / 7 дена

Викендов трето прскање против комарци во главниот град

Викендов трето прскање против комарци во главниот град

Типографија

Третата годинашна авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на град Скопје ќе се реализира викендов, најавуваат од градот Скопје.

  • Третата фаза на аеросолната дезинсекција (авионска) ќе се реализира в сабота, во периодот од 6 до 12 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар. Терестричната дезинсекција ќе се реализира в понеделник, во период од 9 до 17 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите стоечки водени површини, канали, езера во Градски парк, езеро Треска и по течението на Вардар - соопшти градската управа.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога тие ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Од градот Скопје ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Скопје

This module can not work without the AcyMailing Component