mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Биланс: околу пет илјади семејства оштетени од невремето во Скопско

Биланс: околу пет илјади семејства оштетени од невремето во Скопско

Типографија

Околу пет илјади семејства од 12 населени места во Скопско се оштетени од невремето во саботата.

Како што соопшти денеска државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Бесир Јашари, стручни екипи се веќе на терен и вршат проценка на штетите, за кои се уште не може да се каже колкави ќе бидат. Извесно е само дека нема да влијаат врз земјоделското производство, а луѓето навреме ќе бидат обештетени.

Според Јашари, причина за последиците од поројниот дожд не се одводните канали зашто тие, напомена, редовно се чистат, не само од Министерството за земјоделство, туку и од Министерството за животна средина и просторно планирање. Секое Министерство делува според утврдениот план и динамика во рамки на своите ингиренции.

  • Причината за штетите не треба да се бара во каналската мрежа. Каналот на потегот од Гази Баба кон Арачиново е исчистен и се чисти во континуитет. Очигледно врнежите биле огромни што наведува на заклучокот дека нешто се случува и за тоа треба да се подготвуваме. Вчера излеговме на терен и почнавме со чистење на мртвиот добиток за да не се дозволи ширење на какви било зарази. Работат вкупно 11 екипи, седум од Министерството за земјоделство и уште четири од Агенцијата за храна и ветеринарство - нагласи Јашари.

Подвлекувајќи уште еднаш дека надлежните се максимално ангажирани, Јашари укажа и на потребата од зачувување на шумите зашто, како што објасни, не е исто движењето на водите кога по површината има дрва со оглед дека корените апсорбираат дел од количините.

  • Сега е битно да се проценат штетите. Резултатите од проценката ќе бидат доставени до Бирото за судски вештачења, ќе се ревидираат по што ќе следува и исплатата за уништените површини и добиток. Луѓето ќе ги добијат средствата, но за жал жртвите неможат да се вратат - подвлече државниот секретар Бесир Јашари.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје