mksqen
17
Сре, Апр
0 Нови / 7 дена

Во ЗЕЛС стручна обука за биоенергетски проекти

Во ЗЕЛС стручна обука за биоенергетски проекти

Типографија

Во организација на општина Карпош и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија - ЗЕЛС се одржа тренинг за биоенергетски проекти во финансискиот сектор.

Стручната обука се организира во рамки на проектот „BioVill“ (Биосело), кој е дел од Програмата на Европската унија за истражување и иновации „Хоризонт 2020“. Овој меѓународен проект го имплементираат општина Карпош и МАНУ, како единствени партиципиенти од Македонија.

  • Целта на тренингот беше детално и практично да се разработи финансирањето на биоенергетски проекти кои вклучуваат употреба на биомаса. Се говореше и за предностите кои ги нудат другите обновливи извори на енергија, како и за мерките за енергетска ефикасност во Македонија и особено во целната заедница каде се спроведува проектот „BioVill“ во општина Кичево - соопштуваат од општина Карпош.

Раководителот на Одделението за енергетска ефикасност од општина Карпош Љупчо Димов се осврна на локалните модели за финансирање проекти поврзани со обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

Проектот „BioVill“ е тригодишен проект кој се спроведува од март 2016 година и се имплементира преку соработка меѓу девет партнери од седум земји, Македонија, Романија, Словенија, Србија и Хрватска, со пренесување на искуства од Австрија, Германија и други европски земји на партнерите од Југоисточна Европа.

  • Биоенергетско село ( BioVill ) е населба, село, општина или заедница, која ги задоволува своите потреби за енергија (електрична и топлинска), преку локална биомаса, како и преку други обновливи извори на енергија. Самиот концепт вклучува мерки за енергетска ефикасност и заштеда на енергија. Општина Кичево има високи потенцијали на биомаса, како што се шумската биомаса, остатоците од сточарството, тврдиот отпад и остатоците од обработката на дрво - соопштуваат од општина Карпош.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје