mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Акција за отстранување електронски отпад во Карпош

Акција за отстранување електронски отпад во Карпош

Типографија

Општина Карпош во соработка со „Нула Отпад“ од Скопје овој месец ја продолжува големата акција за собирање на отпадната електрична и електронска опрема.

  Преку оваа акција, според градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски се помага во отстранувањето на отпадната електрична и електронска опрема директно од домовите на граѓаните.

  • Општина Карпош организира собирање на електричниот и електронскиот отпад и тоа од домаќинствата на граѓаните на нашата општина. Минатата година се собра ваков отпад во количина од 4,5 тона. Акцијата ќе трае цел месец и сакаме да ги опфатиме сите граѓани кои поседуваат ваков отпад - рече Јакимовски.

Граѓаните можат да се пријавуваат во урбаните заедници, каде што ќе ги остават своите контакт податоци како и видот и количината на отпадот што го поседуваат. Согласно евидентниот лист од секоја урбана заедница, колективниот постапувач „Нула отпад“ во договор со пријавените граѓани, ќе спроведе бесплатно подигнување на отпадот од домовите, а со помош и во соработка со работници обезбедени од Општина Карпош.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје