mksqen
29
Сре, Мај
0 Нови / 7 дена

Во Дојранско Езеро имало риби слични на пирани

Во Дојранско Езеро имало риби слични на пирани

Типографија

Рибите што во изминатиов период искасаа рибари во Дојранско Езеро се од видот паку, кои биле слични на пирани, но помалку опасни, покажала анализата на Хидробиолошкиот завод од Охрид.

 

Според информациите од Заводот, станува збор за аквариумски риби кои најверојатно некој ги пуштил во езерото.

Порталот Плусинфо пренесе дека повеќе рибари се пожалиле дека биле каснати од непознати риби. Тие самите претпоставиле дека станува збор за пирани, опасни риби карактеристични за реките во Јужна Америка. Инцидентите, според порталот, се случувале кога риболовците се обидувале да ги отстранат рибите од своите мрежи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија

This module can not work without the AcyMailing Component