Локалната самоуправа на Крива Паланка ангажираше фирма за санација на големото свлечиште на патнипт правец кон селото Дурачка Река.
Работници и градежни машини интензивно работат на терен, а најавено е и решавање на проблемот со свлечиштето во селото Станци.
- Ова е поголем проблем кој го имаме подолго време на новоизграденито пат до село Станци. Свлечиштето настана по големото невреме и поројни дождови лани, а веќе беше истечен гарантниот рок за патот . Подолго време правевме испитувања на теренот и чекавме да се стабилизира земјиштето, по што преминавме на решавање на овој проблем, санација на свлечиштето и поставување габиони - информира градоначаникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.