mksqen
27
Саб, Ное
0 Нови / 7 дена

Почна да се гради леарницата што ги загрижуваше пробиштипјани

Почна да се гради леарницата што ги загрижуваше пробиштипјани

Типографија

Фабриката на „Кранфилд Фаундри“ во индустриската зона Неокази во Пробиштип се гради согласно сите еколошки стандарди и според законската регулатива на Македонија и на Европската унија, истакна заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова, на денешното поставување на камен-темелникот на овој индустриски капацитет.

Во изминатиов период, екологисти и граѓани изразуваа загриженост дека леарницата штетно ќе влијае врз животната средина во градот и во околината, и ќе го наруши здравјето на луѓето. Кон овие тврдења се придружи и партијата ДОМ. По овие предупредувања, деновиве локалните власти во Пробиштип поставија две мерни станици за квалитетот на воздухот.

На почетокот на изградбата присуствуваа и премиерот Емил Димитриев и повеќе високи државни, локални и партиски функционери.

  • Во новата индустриска зона Неокази во Пробиштип инвестираме два милиони евра од кои 1,5 милиони за донесување електрична енергија до самата зона, а 300 илјади евра за изградба на комплетна инфраструктура, бидејќи во оваа зона планираме да донесеме и други инвеститори кои ќе градат нови фабрики - рече премиерот Димитриев.

Инвестицијата е вредна 15 милиони евра, и се предвидува вработување на околу 280 лица. Фабриката се очекува да биде изградена за помалку од една година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија