Најчисти и најбезбедни училишта за учебната 2015/2016 година во Македонија се ОУ „Тошо Велков-Пепето“ од Кавадарци и СЕТУГС „Михајло Пупин“ од Скопје.
Признанијата на најдобрите им ги додели министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, кој истакна дека МОН веќе трета година по ред го реализира натпреварот за најбезбедни и најчисти училишта.
Министерот Лутфиу информира дека овој проект има голем успех. Според него, најголем придонес за успешносата на проектот имаат учениците и вработените во основните и средните училишта.
- Годинава на натпреварот конкурираа 15 училишта, 10 основни и пет средни. Комисијата која ги разгледуваше апликациите и која ги посети училиштата едногласно одлучи дека најчисти и најбезбедни училишта се „Тошо Велков-Пепето“ од Кавадарци на првото место, второ е „Васил Главинов“ од Велес, а на трето место „Рајко Жинзифов“ од село Долно Оризари, Велес - вели Лутфиу.
Тој информира дека едногласна била одлуката и за средните училишта. Првото место го освои СЕТУГС „Михајло Пупин“ од Скопје, второпласирано е СУГС „Владо Тасевски“ од Скопје, а трето „Ацо Русковски“ од Берово.
Првонаградените училишта од МОН ќе добијат смарт табла, а останатите ќе добијат награди, обезбедени од Мисијата на ОБСЕ во Македонија.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS