mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Дури 92 отсто љубљанчани се задоволни од својот град

Дури 92 отсто љубљанчани се задоволни од својот град

Типографија

Од животот во Љубљана се задоволни дури 92 отсто од нејзините жители, што е за четири отсто повеќе отколку во 2012 година, покажале резултатите на Евростат.

Европската статистичка служба вршела истражување на задоволството на граѓаните од сите главни градови на државите во Европската унија.

Според задоволството на жителите, љубљанчани сега се во горниот дел од европската скала, на високото десетто место. Љубљана, во која живеат околу 250 илјади жители, годинава беше прогласена за зелена престолнина на Европа, а освен со зеленилото, може да се пофали и со добрите комунални услуги.

Граѓаните на главниот град на Словенија најмногу незадоволство изразиле поради сообраќајниот метеж што се создавал поради големиот број автомобили, главно во сопственост на жителите од околните населени места што секојдневно гравитираат кон Љубљана. Според истражувањето, градот нема доволно места за паркирање бидејќи не биле изградени големи подземни и катни јавни гаражи.

Затоа, пак, често се појавувале иницијативите за повторно да се изградат трамвајските пруги и на тој начин да се воведе економичен и еколошки прифатлив јавен превоз. Љубљана од трамвајот се откажала во 1960-ти години, кога, поради евтината нафта, се преориентирала на автобуски превоз.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан