mksqen
21
Нед, Јул
0 Нови / 7 дена

Тинејџер направил мала хидроцентрала со парите од џепарлакот

Тинејџер направил мала хидроцентрала со парите од џепарлакот

Типографија

Деветнаесетгодишниот Зоран Самарџиќ од општината Билеќа во Босна и Херцеговина успеал да обезбеди електрична енергија за осветлување на една селска куќа и двор со поставување турбина на локалниот поток. Како што изјавил за РТРС, својата направа ја составил со помош на неколкумина повозрасни и со пријателите.

Ја изработувале еден месец, а за неа го потрошил џепарлакот што го собирал повеќе месеци.

  • Таа обезбедува струја со напон од 12 волти и 90 ампери. Може да напојува до 5.500 ЛЕД светилки. На неа може да се вклучи и радио, па има дури и телевизори што може да работат на таа струја. Може да се полни и мобилен телефон. Нема трошоци и нема загадување, што е најважно - изјавил овој ентузијаст.

Неговата баба, која живее во куќата во селото До, сега постојано ќе има осветлување, што инаку не било случај, бидејќи често снемувало струја. Самарџиќ од есенва ќе почне да студира електроинженерство, а целта му е еден ден да направи вистинска голема хидроцентрала.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан

This module can not work without the AcyMailing Component