mksqen
21
Нед, Јул
0 Нови / 7 дена

Загадување на крајбрежјето кај Драч

Загадување на крајбрежјето кај Драч

Типографија

Масовно загадување на водите на Јадранското Море е регистрирано на крајбрежјето на албанскот пристанишен град Драч.

Појавата први ја забележале рибари, кои веднаш ги информирале надлежните.

  • Испуштени се големи количества сомнителни отпадни води на источниот кеј на пристаништето, каде што се вкотвуваат рибарските бродови. Голема површина од морето е загадена - пренесуваат албанските медиуми.

Инспекторите по екологија и јавно здравство водат интензивни истражни активности за да се открие изворот на загадувањето и откривање на виновниците.

Според непотврдени информации, загадувањето е предизвикано од нелегално испуштање на фекалии од септичките јами на хотелите на плажите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан

This module can not work without the AcyMailing Component